Ракометарките со голема самодоверба го чекаат реваншот против Словенија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската ракометна репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Словенија во реваншот од ЕХФ ЕВРО купот. „Црвено-жолтите“ во првиот натпревар одигран во Целје во четвртокот несреќно загубија со 29-28, откако Леонида Гичевска не реализираше пенал на десет секунди до крајот на мечот.

Сепак, расположението е позитивно во нашиот табор, а стручниот штаб предводен од Љубомир Савевски едногласно вели дека се врати самодовербата на нашите ракометарки и сега веруваат дека против секого може да играат.

Денеска тие го одработеа во позитивна атмосфера последниот тренинг пред утрешниот дуел кој се игра со почеток во 18.30 во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

 

Се вчитува...