Ракометарките со големо реми против Словенија: Пропуштен напад и за триумф!

Македонската женска ракометна репрезентација ремизираше со Словенија (23-23) на силниот Интернационален турнир кој се игра во Турција, иако имаше напад и за победа во последните 30 секунди од средбата.

Македонските девојки одиграа одличен меч, во драматична завршница имаа предност и од 23-22, но Словенките успеаја да израмнат. На крајот, во драма, сепак не успеавме да постигнеме гол за победа.

Најдобра во македонскиот состав беше Јована Кипријановска со осум гола, а Марија Јанкуловска постигна четири. Кај Словенките се издвои Ерин Новак со пет гола.

Но, со ова реми Македонија остана во игра за трофејот на турнирот во последниот утрешен меч против Словачка која има две победи досега. Ракометарките на Словачка се први со четири бода, Македонија има три, Словенија е со еден бод, а домаќинот Турција е без бодови.

 

Се вчитува...