Ракометарките со три гола негатива на полувреме со Турција

Македонската женска репрезентација има негатива од четири голови во пресметката во второто коло на Европското првенство во Дебрецен. Турските ракометарки имаат предност од 15-12, а во еден момент имаа предност од пет голови разлика, односно 6-11.

Сепак, три гола по ред на Македонија, и шоу на Сара Ристовска за резултатски приклучок. Во финишот од првиот дел се играше гол за гол, па Турција успеа да ги задржи оние три голови разлика.

Сара Ристовска постигна шест гола, додека нашата одбрана нема решение за Искит-Чалискан која постигна шест погодоци.

Се вчитува...