Македонските ракометарки триумфираа со 34-27 против Тунис во првото коло на „Трофеј Македонија“ кој се одржува во салата на „Билјанини извори“ во Охрид.
Избраничките на Кристијан Грчевски доминираа од самиот почеток на дуелот стекнувајќи предност која ја одржуваа низ првите 30 минути за 15-12 на полувремето.
Во вториот дел се продолжи во ист стил, па македонските ракометарки само дополнтително го зголемуваа водство навестувајќи ја веќе кон средината на второто полувреме и сигурното победа, која на крајот изнесуваше убедливи 34-27.
Емилијана Ризоска иако играше само во второт дел постигна шест гола, исто како и Катерина Дамјановска со шест погодоци.
Претходно, во првиот натпревар на „Трофеј Македонија“ ракометарките на Грција славеа против Египет со 25-22.
Гркинките во првото полувреме имаа предност од 13-12, а потоа сето тоа го одржуваа во вториот дел за конечна победа.
Македонија во второто коло игра со Египет, а во последното коло на турнирот ќе се соочат со Грција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






