Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска го игра вториот меч од квалификациите за ЕП 2026 во кој „црвено-жолтите“ на домашен терен во Битола ќе је пречекаат селекцијата на Словенија (18 часот, сала „Боро Чурлевски“).
Во првото коло пред неколку дена нашите ракометарки беа убедливо поразени на гостувањето од фаворитот Германија со 34-18, но тој меч мора што поскоро да биде оставен зад нас, а против Словенија да се влезе со полна енергија во обид да се стигне до позитивен резултат.
Гостинките доаѓаат значително ослабени поради неиграњето на Станко и на Зулиќ, но и со таков состав во првото коло рутински славеа над Белгија, а се надеваат на сличен исход и на денешниот дуел со Македонија.
„Мотивирани сме да дадеме се од себе на овој натпреварот. Фаворитската улога не значи и сигурна победа во спортот, наше е да одиграме најдобро што знаеме на домашен теренн и да им ги замрсиме сметките на оние кои веруваат дека лесно можат до бодови против нас“, порачуваат од македонскиот табор во пресрет на денешниот натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

