Женската репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз на првиот од двата контролни натпревари против Србија (34-21) кој се игра кај нашиот северен сосед како дел од ЕХФ неделата.
Србинките уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на пауза имаа убедлива предност. Во вториот дел таа веќе беше двоцифрена, па избраничките на Грчевски немаа шанси да направат нешто повеќе. Крпиќ со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај нас Дамјановска постигна пет гола.
Вториот натпревар двете репрезентации ќе го одиграат утре, но тој ќе биде затворен за јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

