Македонската женска јуниорска репрезентација ќе игра во главната рунда натпревари на Светското првенство кое се одржува во Скопје, откако во одлучувачкиот последен натпревар од главната фаза триумфираше против Ангола со 28-24 (13-11).
По поразот од Исланд, избраничките на Дарко Јанев, сега одиграа одличен натпревар доминирајќи против Анголките низ сите 60 минути за сосема заслужена победа.
Македонија уште од 15 минута на мечот се стекна со предност која постојано ја одржуваше за да на полувремето замине со два гола позитива. Одлучувачка за победата беше серијата од 6-0 на почетокот од второто полувреме, кога македонските ракометарки стигнаа до предност и од 20-12. Се понатаму беше рутина за триумф на крајот. Емилијана Ризоска и Сара Стефаноска со по шест гола беа најефикасни во македонската репрезентација, а Ива Младеновска постигна пет гола.
Македонија во следната фаза нема да пренесе бодови. Во група со Португалија и Црна Гора, прв противник за македонската селекцијата е Португалија на 24. јуни (понеделник).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА