Репрезентативните обврски на македонските национални селекции во ракомет продолжуваат, по успехот на мажите со пласманот на СП 2023 на ред се ракометарките, кои ги очекува двомеч со актуелниот светски шампион Норвешка.
Јасно е дека Норвежанките без оглед на фактот што ќе настапат со ослабен состав важат за големи фаворитки, но желба на сите во македонскиот табор е да се одигра на едно високо ниво, за кревање на формата во пресрет на европскиот шампионат чиј ко-домаќин ќе биде Скопје.
Селекторот Савевски се уште не може да смета на повредената Ѓоргиевска, а добра вест е враќањето на Штериова, која поради повреда не беше во комбинација на претходниот собир.
Првиот меч меѓу Македонија и Норвешка се игра в четврток со почеток во 19.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а реваншот е закажан за недела во 16 часот на теренот на противникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА