Женската ракометна репрезентација на Македонија на денешната ждрепка што ќе се одржи во романски Клуж ќе ги дознае противниците за квалификациите за ЕП 2026, што ќе се одржи во пет различни држави, и тоа Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.
Нашите ракометарки ќе се најдат во третиот шешир во ждрепката што е закажана за 17 часот, во ист шешир се и селекциите на Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово, со кои нема да можеме да се сретнеме во овие квалификации.
Според пропозициите, автоматски пласман на ЕП 2026 имаат трите медалисти од последниот континентален собир (Норвешка, Данска и Унгарија) заедно со петте селекции домаќини.
Пласман преку квалификациите ќе обезбедат најдобрите две репрезентации од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани репрезентации од вкупно шесте квалификациски групи.
Македонија настапи на последните две европски првенства за жени, серија што избраничките на селекторот Грчевски сигурно ќе се обидат да ја продолжат и во наредниот квалификациски циклус, што ќе стартува на 15 октомври 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА