Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Никобинг, Шведска го стартува новиот квалификациски циклус, овојпат за пласман на ЕП 2020. Јасно е, шансите се минимални, а со оглед на фактот дека во првиот меч му се гостува на фаворитот во групата нормално е желба во пресрет на премиерата е да се прикаже што подобра игра, но и да се избегне катастрофа во Шведска.
Во последните две години имаме одиграно четири средби со оваа скандинавска селекција и ниту еднаш разликата не била едноцифрена (20-31 и 46-27 во баражот за СП, 38-26 и 20-32 во кваликациите за ЕП), па јасно е кој ќе биде фаворит, а кој аутсајдер на вечерашниот натпревар. Селекторот Симовски по последниот неуспешен квалификациски циклус се реши да го подмлади националниот тим, па интересно ќе биде да се види како ќе функционира нашата игра, и тоа против ривал кој припаѓа на Топ 10 светските репрезентации.
Македонија веќе в сабота ја очекува нов предизвик во овој квалификациски циклус, домашен дуел против Чешка за кој влезот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде бесплатен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА