Ракометарките во Скопје се загреаја пред утрешното заминување во Букурешт, посилни за Стојковска (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската женска ракометна репрезентација го одработи единствениот тренинг во Скопје по собирот пред утрешното заминување за Букурешт.

Македонија за бараж-двомечот за пласман на СП против Романија ќе биде посилна за Симона Стојковска која ќе биде на располагање на селекторот Симе Симовски. Стојковска треба да биде од голема помош на националниот тим ако се знае дека игра во одлична форма за германскиот Цвикау.

Ракометарките утре во 16 часот со чартер лет заминуваат за Букурешт каде во сабота ги очекува првиот натпревар од бараж-пресметката со Романките. Реваншот се игра на 21. април од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

 

Се вчитува...