Женската ракометна репрезентација ќе се најде во вториот шешир при извлекувањето на квалификациските групи за ЕП 2024 што ќе се одржи во Унгарија и во Швајцарија. Благодарение на фактот дека бевме учесници на последното ЕП, како еден од ко-домаќините, Македонија има поволна положба пред ждрепката бидејќи не може да се сретне со ривали како Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд.
Пласман на ЕП ќе обезбедат најдобрите две селекции од сите квалификациски групи, како и најдобрите третопласирани, при што во предвид ќе бидат земени само резултатите на овие селекции против двете најдобри репрезентации во групата.
Ако имаме среќа во ждрешката, па од третиот шешир не налетаме на ривал како Украина од кого бевме убедливо поразени во последниот бараж, ракометарките би имале сериозни шанси за пласман на уште едно големо натпреварување. Секако, за тоа да се случи, ќе мора и значително да се крене нивото на игра во однос на она што го покажаа на последните два натпревара против Украина.
ПРВ ШЕШИР: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Хрватска, Црна Гора.
ВТОР ШЕШИР: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, МАКЕДОНИЈА, Словачка, Исланд.
ТРЕТ ШЕШИР: Португалија, Украина, Турција, Италија, Острови, Литванија, Грција, Косово.
ЧЕТВРТ ШЕШИР: Израел, Финска, Луксембург, БиХ, Летонија, Бугарија, Азербејџан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА