Ракометен Бог: Никола Карабатиќ стана најдобар стрелец во историјата на ЕП

Никола Карабатиќ повеќе од дваесет години игра ракомет на највисоко ниво, францускиот ас во својата фантастична кариера урна бројни рекорди, а од вечерва е апсолутен рекордер и по бројот на постигнати погодоци на европските шампионати.

Карабатиќ влезе во денешниот дуел со Хрватска со четири гола помалку во однос на Гудјон Валур Сигурдсон, но францускиот ветеран игра блескаво против „коцкестите“, по десетина минути игра во второто полувреме веќе постигна пет погодоци, за уривање на рекордот на легендарниот Исланѓанец.

Карабатиќ е нов рекордер со 289 погодоци на европските шампионат, Сигурдсон остана на 288, а третопласиран на ова рангирање е Микел Хансен.

 

Се вчитува...