Кил веќе подолго време покажува сериозен интерес да го врати на голот Андреас Волф, извонредниот германски репрезентативец кој во 2019 година си замина од Кил и се пресели во Киелце, тим за кој одличниот голман настапува до ден денеска.
Интересот на „зебрите“ се интезивираше во последните месеци, а пред дестина дена од Полска стигна порака – Киелце за Волф очекува отштета од еден милион евра, со што Германецот би станал најскап голман во историјата на светскиот ракомет. За очекување беше Германците барем малку да го оладат интересот, но последните информации говорат дека Кил тргнал во финална офанзива за што поскоро да го комплетира овој трансфер.
Весникот „Билд“ денеска објави дека Кил испратил и официјална понуда до Киелце. Во неа, германскиот гигант нуди 600.000 евра за потписот на Волф, плус како дел од трансферот да го испрати својот прв голман Белосен во Киелце. Французинот имаше низа одлични настапи на голот на „зебрите“ и би ја имал улогата на прв голман и кај Душебајев, па останува да се види одговорот на Полјаците, кои се соочуваа со сериозни финансиски проблеми во минатото и продажбата на Волф може да намали дел од главоболките на челниците на Киелце.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА