Ракометен спектакл во Скопје – „Легендите на сцена“: Лазаров, Штербик, Дибиров, Пепи Манасков, Лино Червар, Веселин Вујовиќ….

Македонија на 29 октомври 2025 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе биде домаќин на еден од најголемите спортски настани во поновата македонска историја – ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“. Овој настан е дел од прославата „20 години – Спортско радио 90,3 ФМ“, кое веќе две децении е гласот на спортот и верен следбеник на сите спортски херои и успеси во Македонија.

Овој уникатен настан ќе ги обедини на едно место најголемите македонски ракометни имиња од изминатите децении: Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Пепи Манасков, Филип Миркуловски, Иван Марковски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Наумче Мојсоски, Бранко Ангеловски, Ванчо Димовски, Петар Ангелов, Влатко Неданоски, Гоце Георгиевски, Горан Ѓоргоноски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Александар Царчев.

Покрај домашните легенди, на настанот се очекува учество на интернационални ѕвезди кои оставија неизбришлива трага во европскиот и светскиот ракомет: Арпад Штербик, Жоао Кањелас, Иван Чупиќ, Игор Вори, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Глеб Каралаш, Ренато Вугринец, Игор Карачиќ, Илија Абутовиќ, Лука Циндриќ, Даниил Шишкарев, Ивано Балиќ, Мирза Шариќ, Вуко Борозан, Домагој Дувњак, Кристијан Дисингер а селектори и судии ќе бидат: Лино Червар, Веселин Вујовиќ, Звонко Шундовски, Ристо Магдинчев, Марјан и Драган Начевски, Горѓи Начевски и Славе Николов, Силвана Карбеска и Марија Илиева.

„Присуството на овие имиња гарантира спектакл кој ќе ја врати магијата на спортот, ќе ја обедини публиката и ќе донесе незаборавни моменти што ќе останат врежани во спортската историја на Македонија“ – порачуваат од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од денес (06.10.2025) во 14 часот онлајн на ticketx.com.mk, и во билетарницата на СЦ Јане Сандански како и во продажната мрежа на TicketX низ цела Македонија по следниве цени и категории:

    • Блок 3, 8, 11 и 16 – 300 ден.

    • Блок 1, 2, 9 и 10 – 400 ден.

    • Блок 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14 и 15 – 600 ден.

    • Блок А2, А3, А5 и А6 – 800 ден.

    • Блок А1 и А4 – 600 ден.

    • ВИП Партер – 3.000 ден. (само 50 билети)

БИЛЕТИ – ЛИНК

Се вчитува...