Ракометната репрезентација на Црна Гора од денеска има нов селектор, и тоа изненадувачко име откако утрово беше обелоденето дека изборот за наследник на Владо Шола паднал врз француската ракометна легенда Дидие Динар.
Големиот ас кој своевремено важеше за најдобар светски ракометен дефанзивец ја прифатил понудата, па во следните денови и официјално ќе следи потпис на договорот и негова официјална промоција во Подгорица.
Динар своето деби на клупата на Црна Гора ќе го има на дуелот со Финска во рамките од квалификациите за ЕП 2026, закажан за 6 ноември во Подгорица.
Динар за време на својата играчка кариера освои дури десет медали на големите натпреварувања, седум од нив златни. Тој ја почна тренерската кариера најпрвин како асистент во стручниот штаб на „триолорите“, а потоа и како селектор на Франција во периодот од 2016 до 2020 година. Најголем успех му е титулата светски првак на мундијалот одржан во 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА