Ракометна фешта во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје и СЦ „Јане Сандански“ вечерва пулсираа во ракометен ритам, на спектаклот што беше организиран по повод 20. Роденден на „Спортско радио 90.3“.

Навивачите можеа да уживаат во мајсториите на легендите на македонскиот (Лазаров, Манасков, Стоилов…), но и на дел од европскиот ракомет, во таборот на „интернационалците“ се појавија Штербик,Чупиќ, Штрлек, Хорват, Канелјас…

Резултатот воопшто не беше во преден план, а на крајот овој спектакл заврши најправедно – без победник (30-30), по головите што во последните десетина секунди ги постигнаа Вуко Борозан и Гоце Георгиевски.

 

Се вчитува...