Вардар има минимални 13-12 по првото полувреме од мечот на Супер-купот на Македонија против Пелистер, откако „црвено-црните“ имаа „плус четири“, но не постигнаа гол во последните четири минути од полувремето, па битолчани го искористија тоа за целосено да се вратат во мечот.
Најубав момент беше 22. минута во која Филип Талески постигна гол за паметење, „бомбардерот“ на Вардар најпрвин испрати проектил што заврши во двете стативи, топката се одби и стигна назад до Талески, кој овојпат крајно атрактивно, со шут од зад грбот го совлада голманот Брестовац.
Поранешниот репрезентативец јасно става до знаење дека ќе биде еден од лидерите на Вардар во новата натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

