Неколку членови на шампионската генерација на Вардар се собраа вечерва за убава пригода, Кристијан Дисингер со брак ја круниса врската со Македонката Марија Андоновска.
Тој ја запозна Марија додека настапуваше за Вардар, врската продолжи и по неговото заминување од таборот на „црвено-црните“, а откако лани и даде веренички прстен, денеска и официјално двајцата запловија во брачните води.
Кум на свадбата беше екс-вардарецот Тимур Дибиров, а Дисингер за баџанак од денеска го има Хрватот Игор Карачиќ, кој е во брак со сестрата близначка на Марија, Душица Андоновска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА