Веспрем успеа да обезбеди значаен потпис за во иднина откако унгарскиот гигант се договори за соработка со Емил Нилсен, извонредниот голман кој блеска во дресот на Барселона и на данската репрезентација. Транферот е договорен од јули 2026 година, по истекот на актуелниот договор што Нилсен го има со каталонскиот гигант.
Данецот од 2022 година е член на Барса по трансферот од Нант, од година во година неговата форма се движи во нагорна линија, па Нилсен неслучајно во последно време се споменува како еден од Топ 3 голманите во европскиот ракомет. Барселона се обидуваше да го убеди данскиот чувар на мрежата на продолжување на соработката, но тој ја одби и последната понуда со значително зголемување на платата.
Нилсен ставил до знаење и дека не планира повеќе да преговара со каталонците, јасен предзнак дека веќе го има договорено својот следен потег во кариерата. Транферот во Веспрем за 2026 е веќе договорен, но не се исклучува можноста Унгарците да испратат мега-понуда за веќе на крајот од сезонава, летото 2025 да го доведат Нилсен во своите редови.
Ова практично значи дека Барса за максимум две години ќе остане без двајцата врвни голмани, ако се знае дека Гонзало Перез де Варгас веќе го договори трансферот во Кил, каде ќе замине во јуни 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА