Ракометната иднина играше во чест на Марко Божиновски (фотогалерија)

Денешната куп-програма во салата „Јасмин“ во Кавадарци почна со ревијалниот натпревар меѓу кадетската екипа на Бутел, која е шампион во својата возрасна категорија, и кадетската национална селекција на Македонија. Овој меч беше одигран во чест на Марко Божиновски, ракометарот на Бутел и на кадетската репрезентација кој неочекувано почина во јуни минатата година.

Националниот состав славеше со 32-19, но резултатот секако не беше во преден план на овој натпревар, на кој македонската ракометна иднина одигра во чест на прерано починатиот другар.

 

Се вчитува...