На 72-годишна денеска почина легендарниот македонски ракометен работник и тренер Илија Темелковски.
Од популарниот Ико се збогуваат сите ракометни работници и клубовите, меѓу кои и Пролет во кој до последен ден беше активно вклучен во создавањето на тоа што најмногу знаеше, млади ракометни таленти.
„Со голема тага ја примивме веста за смртта на Илија Темелковски, големата легенда на РК Тинекс Пролет што во огромен дел од својата играчка, потоа и во тренерската кариера беше дел од нашиот клуб. Темелковски важеше за еден од најдобрите ракометари во својата генерација во тимот на Тинекс Пролет што бележеше добри резултати во времето на поранешна Југославија. По завршувањето на играчката кариера тој во неколку наврати беше и тренер на Тинекс Пролет и остана дел од клубот до самата смрт, како дел од младинската школа на РК Тинекс Пролет. Од името на сите во клубот упатуваме искрено сочуство до семејството на Темелковски“, стои во соопштението на РК Тинекс Пролет.
Oд него се простија голем број клубови и ракометари кои што во кариерата соработуваа со Темелковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

