Со натпреварот меѓу Металург 2 и Прилеп 2010, денеска (12 ч.) во салата во Автокоманда, стартува новата сезона во македонската ракометна Супер лига. Наместо предвидените десет екипи во регуларниот дел од сезоната, во Супер лигата сеознава ќе се натпреваруваат девет екипи откако Младост Богданци го откажа учеството поради финансиски проблеми.
Суперлигашите во регуларниот дел од сезоната ќе се борат за првите четири места кои носат пласман во плеј-офот во кој ќе им се приклучат Вардар и Металург. Актуелниот македонски шампион и вицешампионот „го прескокнуваат“ регуларниот дел од суперлигашката сезона поради настапот во регионалната СЕХА лига и според постојниот систем на натпреварување се приклучуваат само во разигрувањето за титулата.
Сите натпревари од 1.коло во машката ракометна Супер лига се играат денеска.
Супер лига, 1.коло:
Металург 2- Прилеп 2010 (12 ч)
Тинекс Пролет – Борец (19 ч.)
Радовиш – Пелистер (19 ч.)
Охрид – Вардар јуниор (19.30 ч.)
Еурофарм Работник (слободен)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА