Ракометниот караван на РФМ тргна од Охрид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометната федерација на Македонија почна нова акција со име „Ракометен караван“ каде низ повеќе градови ни Македонија ќе прават на промоција на оваа прекрасна игра.

Караванот почна од Охрид каде женската репрезентација настапува на „Трофеј Македонија“. Многу деца од Охрид и од Струга имаа чест да се сретнат со своите идоли меѓу кои Филип Миркуловски, Индира Кастратовиќ и Елена Ѓорѓиевска.

„Денес сликите зборуваат повеќе од милион зборови. Насмевките, енергијата и срцата на над 300 деца ја раскажаа најубавата приказна на нашиот прв Ракометен караван 2025. Секој кадар е доказ дека спортот носи љубов, среќа и магија“, стои во соопштението на РФМ. 

 

Се вчитува...