После Еурофарм Пелистер кој денеска објави дека се разделува со девет ракометари, и ракометниот клуб Охрид објави дека ќе има „ремонт“ во екипата. Тимот се заблагодари на 11 ракометари, а заминува и тренерот Стојановиќ.
Од клубот објавија дека на сите 11 играчи им истекоа договорите, и дека ќе нема нивно продолжување.
„ГРК Охрид ја известува јавноста дека 11 (единаесет) ракометари го напуштаат клубот по истек на договорот.
Од следната сезона дресот на ГРК Охрид нема да го носат: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев. Клубот исто така го напушта и тренерот на екипата Радослав Стојановиќ“, се вели во известувањето на ГРК Охрид на официјалната страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА