Француската ракометна репрезентација во ремито со Германија (25-25) доживеа голем удар со повредата на Седрик Сораиндо. Легендарниот пикер на Франција и на Барселона поради повреда на мускулот на десната нога, натпреварот го напушти уште во седмата минута и не се врати на теренот.
Денеска ќе бидат направени дополнителни испитувања за да се дефинира тежината на повредата, но обесхрабрувачки се изјавите кои по натпреварот ги дадоа неговите соиграчи.
„Веројатно го загубивме капитенот, ова е тежок удар за нас“ – рече Лука Карабатиќ.
Сораиндо за француската репрезентација дебитираше во 2005 година и има едно олимписко, четири светски и две европски злата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА