Ракометниот плеј-оф започнува со скопско дерби во Автокоманда

Ракометната федерација на Македонија ги извлече редните броеви за плеј-офот во машката конкуренција.

Првото коло донесе дерби на градските ривали Алкалоид и Вардар, додека Е. Пелистер гостува кај Тиквеш. Во третиот натпревар силите ќе си ги одмерат Бутел и Охрид.

Плеј-офот започнува на 28. февруари. Вардар влегува како лидер со 42 бода, второпласиран е Пелистер со 38, Охрид и Алкалоид имаат по 35, додека Бутел и Тиквеш по 22 бодови.

Се вчитува...