Јуниорската репрезентација на Македонија триумфално го стартуваше настапот на „Трофеј Карпати“ што се одржува во Романија, откако лесно и убедливо славеше над селекцијата на Саудиска Арабија со 39-27.
Избраниците на Раде Стојановиќ одиграа беспрекорен натпревар, особено импресивно делувавме во нападот, во кој ги оставивме противниците без одговор во текот на сите 60 минути. На одмор се замина со водство на Македонија од 19-13, а доминацијата на „црвено-жолтите“ продолжи и во вториот дел, во кој нашата селекција дополнително се одлепи и на крајот заслужено славеше со двоцифрена разлика.
Белистојановски со пет гола беше најефикасен во македонскиот табор, додека по четири постигнаа Самоил Ристевски, Дејан Михајловиќ, Димитар Узунчев и Никола Ристески.
Следен противник на македонските јуниори ќе биде селекцијата на Словачка, меч што е закажан за утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА