Македонската кадетска ракометна репрезентација како десеттопласирана го завршува скромниот настап на Медитеранските игри. Ова благодарение на победата над Кувајт од 22-13 (3-5, 4-4, 6-13) во последниот натпревар.
Со овој трумф, избраниците на Никола Матлиески добија 4,5 бода и на вкупното конто имаат 16,5 што е доволно за десеттата позиција. Ситуацијата не можат да ја промената исходите и резултатите од другите натпревари.
Во мечот со Кувајт, нашата селекција, воведната третина ја доби со 5-3, во втората беше израмнето, 4-4, а потоа во последната третина, македонските репрезентативци беа подобри со 13-6 и благодарение на тоа дојдоа до убедливата победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА