Вaрдар и оваа година е ракометниот клуб со најголем ваучер како државна помош од државата, на листата што Агенцијата за Млади и Спорт вечерва ја објави на која се гледа по колку пари добија сите ракометни колективи кои ги исполнуваат критериумите на АМС.
„Црвено-црните“, кои лани ја освоија двојната круна на домашната сцена, ќе имаат ваучер од 17,5 милиони денари за оваа година, еден милион повеќе во однос на Еурофарм Пелистер.
Металург се наоѓа на третото место на оваа ранг-листа со 12,5 милиони денари, пари што сигурно ќе бидат добредојдени за тимот од Автокоманда да ги подмири обвските кон Кастратовиќ и Шпенде за да може да продолжи да се натпреварува во Супер-лигата. Зад Металург следат Бутел и Пролет со 10,5, односно десет милиони денари ваучер, а веднаш по скопските ривали следи прволигашот КЛ7, со ваучер од 7,5 милиони денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА