Женската ракометна репрезентација на Македонија по пауза од десет години се враќа на големите натпреварувања, откако заедно со Црна Гора и Словенија е домаќин на Европското првенство кое ќе се игра од 4. до 20. ноември.
Иако нашите ракометарки немаа среќа на ждрепката и во групата се со големите фаворити Франција, Холандија и Романија, девојките на Љубомир Савевски не ни размислуваат предвреме да се откажат од пласман во втората фаза.
Поранешните ракометни легенди предводени од Кирил Лазаров, Гордана Нацева, Милева Велкова како и дел од сегашните ѕвезди Филип Талески, Филип Кузмановски, Никола Митревски… дадоа поддршка за девојките пред стартот на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

