Македонските љубители на ракометот ќе можат преку директни преноси на националниот сервис да го проследнат настапот на машката ракометна репрезентација на Македонија на претстојното Светско првенств што ќе се одржи од 10 до 26 јануари во Германија и во Данска.
Денеска е потврдено дека МТВ ги откупила правата за ракометниот Мундијал.
„Знаејќи ја неисцрпната желба на гледачите за што повеќе содржини од настаните на коишто учествува нашата репрезентација, покрај натпреварите на Македонија, како и секогаш досега, ќе понудиме и многу повеќе програма од ракометниот Мундијал. Ќе пренесуваме најмалку триесетина натпревари од шампионатот, што би значело најмалку по два дневно и тоа не само во деновите кога нашиот национален тим. Секако, тоа ја опфаќа и самата завршница на турнирот и распределбата на медалите. Имајќи го предвид потенцијалот, искуството од претходните големи натпреварувања и докажаниот коментаторски квалитет со кој располагаме, уверен сум дека проектот СП во ракомет 2019 на МТВ ќе биде вистински спектакл“ – изјави уредникот на спортската редакција на МТВ, Драган Николовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА