ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Македонската репрезентација славеше со 29-27 над Швајцарија, за прва радост на ЕП 2024 откако нашите ракометари одиграа извонреден натпревар, заслужено совладувајќи ја селекцијата што пред два дена ремизираше со Франција.
И покрај тоа што изминатите неколку дена голем дел од јавноста ги напаѓаше за поразите од Франција и Германија, избраниците на Кирил Лазаров покажаа дека имаат квалитет и дека македонскиот народ може мирно да спие. Митев прераснува во лидер на оваа нова генерација, додека Мартин Томовски веќе е време да го наследи Никола Митревски како „број 1“ меѓу стативите.
И колку и да не е успех 17. место кое на крајот го освоија нашите ракометари на ЕП, сепак овој спорт уште еднаш докажа дека е број 1 во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА