Ракометот на домашната сцена од денеска е повторно во мирување, откако раководството на РФМ донесе одлука за прекин на натпреварувањата во Супер-лигата и во Првата лига во машка конкуренција, како и во женската прва лига.
Причина за ваквата одлука е промената во општиот протокол за организирање на спортски натпревари од страна на Владата, поради што РФМ реши да го прекине натпреварувањето додека не ги усогласи своите протоколи за одржување на ракометни натпревари со промените во општиот протокол.
Од „куќата на ракометот“ известуваат дека дополнително ќе известат за датумите за продолжение на сезоната, воедно и апелираат до сите учесници во ракометниот спорт да се почитуваат сите препораки за заштита од Covid-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА