Раководството на Баерн Минхен донесе одлука за иднината на Томас Тухел

По поразите од Баер Леверкузен и Лацио очекувањата беа дека Баерн Минхен ќе им се врати на победите во натпреварот од 22. коло во Бундеслигата против Бохум, но актуелниот германски шампион претрпе нов дебакл по поразот од 3-2 кој јасно говори дека ситуацијата во клубот е далеку од идеална.

Новиот пораз веднаш ги започна гласините за можна смена на Тухел од „жешкото столче“, но според доброупатниот „инсајдер“ за баварците, новинарот на „Скај спортс“, Флоријан Плетенберг раководството на баварците има потполна доверба во тренерот и нема да дојде со смена.

А, пак Тухел причината за поразот на неговиот тим ја најде во „денот“, со оглед на тоа што неговите фудбалери пропуштија голем број шанси на средбата. Според Германецот доколку истиот натпревар се игра уште пет пати – пет пати ќе слави Баерн Минхен.

Се вчитува...