Томас Тухел неочекувано го наследи Јулијан Нагелсман на клупата на Баерн Минхен, но „ангажманот од сништата“ засега не оди во најдобар можен план. За малку не ја изгуби титулата во Бундеслигата претходната сезона, а веќе на стартот на овааа сезона го најде и своето место во „ладните ходници“ на канцелариите на раководството, пренесуваат германските медиуми.
Според „Блид“ во текот на паузата за квалификациите за ЕВРО 2024 Тухел бил повикан на разговор „очи во очи“ со Ули Хенес, Херберт Хајнер, Карл-Хајнц Румениге и Јан-Кристијан Дриесн каде му била одржана лекција како треба да се однесува.
Незадоволството на баварското раководство се должи на постојаните критикувања од страна на Тухел кон претпоставените во тимот и му било порачано што поскоро да ја „спушти топката“ и да биде помалку емотивен и негативен кога говори за медиумите.
Покрај тоа му е порачано и да ја доведе „соблекувалната“ во хармонија бидејќи дел од фудбалерите воопшто не се задоволни со неговиот пристап. Последен кој изрази незадоволство од неговиот однос беше Џошуа Кимих кој го пред медиумите изјави дека тренерот треба да биде запрашан зошто бил заменет на натпреварот против Баер Леверкузен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

