Раководствотона УЕФА предводено од Александар Чеферин (претседател на УЕФА), Теодор Теодоридис (генерален секретар на УЕФА) и Зоран Лаковиќ (директор за Национални асоцијации во УЕФА), во француски Кан, организираше состанок со Претседателите и Генералните секретари на 55. членки на Европската фудбалска Асоцијација.
Фудбалската федерација на Македонија беше претставувана од претседателот Муамед Сејдинии и генералниот секретар Наталиа Божиновска Илиевска.
Состанокот се одвиваше во рамки на ТЕП која од 2005 година ги обединува претседателите и генералните секретари на членките на УЕФА со Раководството на УЕФА.
На заедничката работилница се дискутираше за новостите во фудбалот на националнитетимови, вклучувајќи го инеодамна одржаното Европско првенство, централизацијата на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата„Хеттрик“. На тема клупски фудбал се разговараше за новиот формат на клупските натпреварувања и распределбата на средствата. Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа изакандидатите за организација на идните светски првенства, Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 година и Саудиска Арабија во 2034 година.
Во рамки на работниот дел од состаноците се одржаа две одделни работилници –на првата серазговараше за односите на УЕФА со клучните чинители, а на втората работилница се дискутираше за влијанието на политиката врз европскиот фудбал.
Главните размислувања на темата за влијанието на политиката врз европскиот фудбал недвосмислено беа насочени во насока дека со дозволувањето политиката да има влијание врз фудбалот се ризикува да се создадат поделби таму каде што не би требало да има, претворајќи го фудбалот во политичка алатка.Нашиот спорт треба да остане неутрален и фокусиран на вредностите на фер-плеј, тимска работа и меѓусебно почитување, промовирајќи единство наместо поттикнување на политички агенди, се наведе на работилницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА