И покрај слабите игри и резултати на Јувентус во последните неколку недели, раководството на клубот продолжува да му дава доверба на тренерот Масимилијано Алегри. „Бјанконерите“ имаат само една победа во последните осум меча, и освоени само седум бода, со што Јуве го загуби и второто место на табелата, кое сега му припаѓа на Милан.
После ремито со Аталанта, Алегри го однесе тимот во карантин, но и тоа не помогна, затоа што екипата одигра 0-0 против Џенова на домашен терен. Навивачите ги испратија играчите со свирежи по мечот на домашен терен.
Ова беше најлошата серија на Јувентус од почетокот на 2011 година. Според „Тутоспорт“, шефовите на Јувентус не размислуваат за тренерска смена барем до крајот на сезоната, а на лето ќе разговараат за неговата иднина. Се претпоставува дека на Алегри ќе му биде поставен ултиматум да земе еден трофеј идната сезона, во спротивно ќе биде сменет од функцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА