Масимилијано Алегри и во иднина ќе биде предновик на Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Раководството на „старата дама“ е задоволна од водството на легендарниот тренер па и покрај тоа што нема да го повтори успехот на Пирло, ќе остане на клупата и по крајот на сезоната.
Како потсетување, под водство на Андреа Пирло Јувентус го освои Суперкупот и Купот на Италија, а Алегри веќе потфрли во Суперкуп натпреварувањето. Причината за задржување на Алегри е подобрувањето на атмосферата во тимот, а со тоа се очекува да дојдат и резултатите.
Јувентус игра како препороден во 2022 година, се наоѓа во серија од 16 натпревари без пораз и има најмногу освоени бодови во оваа календарска година со што наговестува враќање на претпознатливите патеки за „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА