Раководството на Манчестер Јунајтед жали за стоте милиони платени за Ентони

Трансферот на Ентони од Ајакс во Манчестер Јунајтед го чинеше англискиот тим 100 милиони евра со што бразилскиот интернационалец стана четвртиот најскап трансфер во историјата на „црвените ѓаволи“.

Неговото пристигнување на „Олд Трафорд“ се шпекулираше долго време, а и покрај тоа што првичната сума која ја бараше холандскиот тим изнесуваше 65 милиони евра, на крајот раководството на тимот мораше да го преплати младиот фудбалер.

А, англиските медиуми сега откриваат дека воедчките луѓе на Манчестер Јунајтед жалат за огромната сума платена за играчот кој и покрај тоа што постигна пет гола на 16 одиграни меча не ги исполни очекувањата. Тоа не е во полза на Ерик тен Хаг кој допрва сака да ја зголеми колонијата од играчи кои доаѓаат од холандското првенство.

Се вчитува...