Женската ракометна репрезентација на Македонија за осум дена ќе го стартува настапот на ЕП 2024 во групата што ќе се игра во Дебрецин, а нашите најдобри ракометарки на вечерашниот тренинг беа посетени од раководството на РФМ, претседтелот Живко Мукаетов и Генералниот Секретар Филип Милошсвски, кои заедно со Министерот за спорт, Борко Ристовски им посакаа среќа на „црвено-жолтите“ во претстојниот настап на големото антпреварување.
Ристовски и Мукаетов упатија зборови на поддршка до ракометарките, со надеж дека во Унгарија ќе успеат да направат чекор напред во однос на последното ЕП во Скопје.
Македонија својот прв настап на ЕП 2024 ќе го има на 28 ноември против фаворитот во групата, селекцијата на Шведска, по што нашите ракометарки на 30 ноември ќе се сретнат со Турција, а за 2 декември е закажан дуелот со домаќинот Унгарија.
„Во пресрет на Европско Првенство Woman EHF Euro 2024 раководството на Ракометната Федерација на Македонија , Претседателот на РФМ г-дин Живко Мукаетов , Генералниот Секретар Филип Милошевски заедно со Министерот за спорт г-дин Борко Ристовски ги посетија репрезентативките на денешниот тренинг каде ги поздравија и им посакаа успешен настап на континенталниот собир.
Со среќа девојки. Играјте со срце за Македонија“, објави РФМ на официјалниот фејсбук профил на федерацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА