Раководството на Торино било во Лајпциг да преговара за Елмас

Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата, Елиф Елмас сигурно нема да остане во Лајпциг до крајот на летниот преоден рок.

Неколку тима веќе се распрашуваат за неговите услуги, а по изгледа најблизу е тимот во кој мина на позајмица минатата полусезона, Торино.

Претставници на италијанскиот прволигаш Торино вчера биле во Германија да разговараат за трансфер на македонскиот репрезентативец.

Според италијанските медиуми на Елмас приоритет му е да игра за Торино, иако за него има интерес и од други клубови од Серија А.

Се вчитува...