Шкупи во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс го доби најатрактивниот можен противник во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.
Стратегот на чаирчани, Зекирија Рамадан е и тоа како свесен дека македонскиот тим го очекува тешка задача но најавува борба до крај, па и за изненадување против Шкотите.
„Не можеше да добиеме посилен противник. Но мора да бидеме максимално подготвени на вистински достоинствен начин да го браниме името на нашиот клуб. Во фудбалот се случуваат и многу изненадувања, па зошто да не се обидеме и да го минеме Глазгов кој во секој случај е голем фаворит“ – вели Рамадан по денешната ждрепка.
Иако според ждрепката Шкупи мора да гостува во Шкотска на првиот меч на 12. јули, сепак можно е да дојде до промена на термините поради фактот дека трите македонски претставници треба да бидат домаќини на 19. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА