Тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадани е задоволен од изданието на неговите фудбалери на гостувањето во Шкотска против Глазгов Ренџерс во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа.
Шкупи загуби со 2-0 со гол од пенал во последните секунди, но Рамадани потенцира дека тимот мора да остане фокусиран и на реваншот против големиот фаворит…
„Задоволен сум од играта на моите фудбалери. Не заслуживме пораз со оваа разлика, но ете вториот гол дојде по пенал во последните секунди од мечот. Не сакам да коментирам за пеналот дали беше или не, ете тоа е одлука на судијата и не се може против неа. Ние мора да останеме максимално фокусирани на реванш натпреварот“ – истакна Рамадани на прес-конференцијата по натпреварот, притоа запрашан и за неговото мислење за менаџерот на Глазгов Ренџерс, Стивен Џерард.
„Ние го знаеме Џерард како извонреден фудбалер со одлична кариера и навистина го почитуваме сето тоа дадено од негова страна за европскиот фудбал. Но, сега е во менаџерските води и не знаеме уште многу за неговите менаџерски вештини. Сепак пред него се долги години на докажување и на ова поле“ – рече тренерот на Шкупи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА