Шкендија и Динамо Киев постигнаа нов договор за позајмица на Решат Рамадани. Играчот од средниот ред ќе биде дел од „црвено-црните“ и во следните шест месеци, со право да игра во квалификациските натпревари од елиминациската фаза во Конференциската лига на УЕФА.
Ова е трета едноподруго позајмица меѓу двата клуба за Рамадани и четврти договор вкупно меѓу Шкендија и Динамо Киев, вклучувајќи го и трансферот на играчот во Украина во март 2023 година. Првично, во јануари 2024 година, Рамадани се врати во својот матичен клуб на едногодишна позајмица, додека во текот на летото, по квалификациите за фазата од Конференциската лига на УЕФА, соработката беше продолжена до декември.
Продолжениот престој на Решат Рамадани ја потврдува меѓусебната доверба меѓу клубовите и важната улога на играчот во спортскиот проект на Шкендија за втората половина од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

