Дебитантот во првата македонска фудбалска лига Воска ја продолжи соработката со играчот од средниот ред Албин Рамадани.
Клубот и фудбалерот го продолжија договорот до летото 2024 година, со опција за продолжување на уште една година.
22-годишниот Рамадани дојде во Воска во летото 2022 година од редовите на Беса Добридол, додека во текот на кариерата има настапувано и за Шкендија, Дрита, Велазерими и Охрид Лихнидос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА