Рамадани: Среќен сум што моите голови носат победи на Шкендија

Триумфот над Воска Спорт во Охрид, Шкендија се врати на првото место на табелата во ПМФЛ. Пресуден беше моментот во 51. минута кога по асистенција на Цаке, Флорент Рамадани погоди во противничката мрежа, и тој еден гол донесе триумф на тетовсктие „црвено-црните“.

Тој исто така беше стрелец и на средбата во Битола против Пелистер пред две недели, кога ја донесе победата.

„Беше многу важно да победиме на овој меч, без разлика кој ќе постигне гол. Најважни се трите бода, и одиме напред. Одигравме тактички добар натпревар, сите играчи го дадоа максимумот, и среќен сум што мојот гол ги донесе трите бода. Претходно исто така освоивме три бода на гостински терен, и горд сум што моите голови носат победи. Ќе бидам уште посреќен ако овие голови и победи ја донесат и шампионската титула на крај“, рече Рамадани.

Се вчитува...