Шкупи во недела го игра 5. коло од шампионатот на домашен терен против Гостивар. Чаирскиот тим влегува во пресметката по нерешениот резултат против Македонија ЃП на гости.
За неделниот меч проговори дефанзивниот играч за врска Хамза Рамани кој истакна дека тимот по секоја цена ќе ја бара првата победа на домашен терен сезонава. Претходно „гулабите“ одиграа нерешено со Силекс на домашен терен, го совладаа Вардар на гости, а загубија од Работнички во првото коло.
„Натпреварот против Гостивар е од големо значење, затоа што очекуваме да ја оствариме првата победа пред домашната публика и да ги израдуваме нашите навивачи. Оваа победа би не вратила на врвот каде што заслужуваме да бидеме. На последниот меч со Македонија ЃП одигравме добро, но среќата не беше на наша страна. Затоа очекуваме да им се вратиме на победите“, рече Рамани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

