Шкупи ќе го пречека најтрофејниот Вардар во градското дерби како дел од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Фудбалерот на чаирчани Хамза Рамани најавува жестока борба на теренот и се надева на триумф.
„Мечот со Вардар е многу важен за нас. Мораме да славиме и да ги освоиме трите бода, иако знаеме дека предизвикот нема да биде лесен. Овој натпревар доаѓа по репрезентативната пауза, но се надевам дека сите играчи ќе бидат максимално подготвени“, изјави Рамани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

