Најголемиот исламски празник Рамазан, може да одигра голема улога во финалето од Лигата на шампионите во кое се среќаваат Реал Мадрид и Ливерпул, посебно за англискиот тим.
Двајцата најважни играчи на Ливерпул, Садио Мане и Мохамед Салах, може да имаат големи проблеми на денот на финалето во ЛШ, 26 мај во Киев. Имено, и двајцата фудбалери на Ливерпул се муслимани, а во периодот од 15 мај до 14 јуни трае големиот муслимански пост за празникот Рамазан! Според муслиманските обичаи, Рамазан е периодот во кој верниците од изгревањето до заоѓањето на сонцето не смеат ништо ни да јадат ни да пијат. Тоа се однесува на сите религиозни верници, меѓу кои се и двајцата фудбалери на Ливерпул.
Тоа значи дека на денот на финалето, како и во претходните 11 дена, Салах и Мане нема да смеат да јадат и да пијат во текот на денот. Според актуелната прогноза, на денот на финалето, сонцето во Киев ќе изгрее во 5 часот наутро, а ќе зајде околу почетокот на финалето – 20.45 часот! Добрата вест е што и двајцата ќе можат да пијат вода за време на натпреварот и да каснат нешто на полувремето, но практично, цел ден не ќе смеат ништо да стават во уста…Тоа може да биде голем проблем за физичката подготвеност на двајцата играчи кои се трошат многу на натпреварите.
Салах и Mане нема да бидат максимално подготвени поради претходните 11 дена со посебен режим, а ќе немаат вистински оброк во себе околу 15 часа пред натпреварот и се претпоставува дека поради тоа нема да бидат издржливи како во досегашниот дел на сезоната кога буквално ги уништуваа противничките одбрани со своето темпо, брзина и притисок.
Муслиман е и Карим Бензема, на другата страна во Реал Мадрид, но тој веќе со години не практикува пост за муслиманските празници.
Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра на 26 мај со почеток во 20.45 часот, на Олимпискиот стадион во Киев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА